Рение: ЕК препорачува ограничување на пристапот на „Хуавеј“ до мрежите во ЕУ
Безбедноста на 5Г мрежите е од клучно значење за европската економија, па затоа Европската комисија уште во 2023 година препорача ограничување на пристапот до нив на компанијата „Хуавеј“, за која оцени дека претставува поголем ризик од другите добавувачи, изјави денеска портпаролот на ЕК за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение.
– Комисијата смета дека земјите членки би требало да донесат одлуки со кои ќе се ограничи или исклучи пристапот на 5Г системот на „Хуавеј“ во нашата мрежа, изјави Рение во врска со денешното обелоденување на истрагата за поткупување европратеници од страна на лобисти на компанијата.
Рение истакна дека станува збор само за препорака на ЕК и останува на земјите членки сами да одлучат дали ќе преземат одредени мерки поврзани со „Хуавеј“, но, како што нагласи, недостигот на акција „ќе ја изложи ЕУ во целина на јасен ризик“.
Портпаролот додаде и дека ЕК нема да ја коментира истрагата за поткупување што ја води белгиското Јавно обвинителство и не може да потврди ништо околу објавените наводи поврзани со неа.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ
-
Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии
-
Државата за две години потрошила 8 и пол милиони евра само за набавка на нови автомобили
-
Поради строгите правила за приватност Агелер не открива зошто Лимани не доби американска виза
-
СДСМ: Една фирма добила тендери од 4,5 милиони евра од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за проекти во општините