Реномираниот интернационален сајт Global Banking & Finance за првпат UNIQA Македонија ја закити со победничка награда за 2022 година – “Најдобар осигурителен бренд во Македонија”
Со ова признание, UNIQA уште еднаш ја потврди својата позиција како најдобар бренд присутен на пазарот за осигурување во Македонија .
Престижното признание, Global Banking & Finance го темели на повеќе критериуми меѓу кои, довербата на клиентите, квалитетот на дадената услуга, препознатливост во индрустријата, иновации и развој на продукти, општествена одговорност, стратешка предност во однос на конкуренцијата и висина на полисирана премија .
https://www.globalbankingandfinance.com/global-banking-finance-awards-2022-award-winners/
„Оваа награда од светски рамки и меѓународната титула во светот е вистинска чест за нашата Осигурителна Компaнија и доказ за доброто менаџирање, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјави директорот Дритон Азизи.
Со ова меѓународно признание од Global Banking & Finance - се потврдува дека UNIQA Македонија чекори по европските стандарди за осигурување.
UNIQA Македонија е дел од Австриската осигурителна групација UNIQA ( UNIQA INSURANCE GROUP ), која во Европа е присутна со 40 друштва за осигурување во 18 држави.
UNIQA во Македонија е застапена преку две друштва за осигурување – “УНИКА АД Скопје” во сегментот на неживотното осигурување и “УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ” во сегментот на животното осигурување, при што двете друштва се меѓу водечките осигурителни институции на македонскиот пазар на осигурување .
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка