Реновирано подрачното училиште во гевгелиското село Кованец

Општина Гевгелија целосно го реновира старото и пропаднато подрачно училиште во селото Кованец, кое повторно ќе биде ставено во функција во второто полугодие од оваа учебна година.
Во стариот објект, кој доби и нова фасада, уредена е една училница, наставничка канцеларија, училишна кујна и тоалети. Според изборното ветување на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, училиштето во Кованец сега е целосно опремено и согласно извршениот технички прием ги исполнува сите услови да функционира како подрачно училиште во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.
Мештаните на Кованец, задоволни од исполнетото ветување, изразија голема благодарност до гевгелискиот градоначалник Франгов и општина Гевгелија затоа што нивните деца повеќе нема да патуваат до Негорци за да одат на училиште.
Реконструкцијата на училиштето во Кованец чинеше повеќе од 700.000 денари кои беа обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
