-->
-->
Решени 65 проценти од барањата за легализација во Прилеп
-->
Граѓаните да побрзаат да поднесат барања за елаборати за легализација на објектите зашто остануваат уште 75 дена до крајниот рок и нема најава за негово пролонгирање, апелира денеска Илија Карески, раководител на одделението за урбанизам во локалната самоуправа во Прилеп.
Граѓаните, потенцира Карески, имаат рок елаборатите да ги подготват до крајот на декември годинава.
Според Карески, Прилеп останува лидер во целиот процес на легализација со 65 проценти решени случаи, но, сепак, одреден застој имаше во летните одмори.
- Сега, по одморите, очекуваме трендот на поднесување барања и текот на постапката да се забрзаат. Од досегашните 15.367 барања за легализација, досега имаме решени 7.800 случаи. Во геодетските куќи има околу 1.000 изработени елаборати кои граѓаните треба да ги подигнат. Заедно со тоа, Прилеп стигнува до бројката од околу 9.000 решени предмети што е на задоволително ниво и останува лидер во земјава со решените случаи за легализација, но знаејќи ја навиката на граѓаните во последен момент да се доставуваат и барањата и елаборатите во наредниот период, нагласува Карески.
Апелира социјално загрозените семејства да не ја пропуштаат можноста државниот катастар бесплатно да им изготви елаборати и да ги достават до крајот на оваа година.
Владата, потсети, одобри дополнителен рок за јавните претпријатија за легализација на инфраструктурните објекти.
- До крајот на оваа година е рокот да ги достават јавните претпријатија барањата за легализација на инфраструктурните објекти, а ќе се решаваат до крајот на идната, 2016 година, објасни Карески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни