Реставрирана фасадата на МЦМ - објект од старата градска архитектура

Завршија активности за конзервација и реставрација како и делумна реконструкција на фасадата на објект на булевар „Илинден“ бр.80, познат како МЦМ Скопје, заштитен како споменик на културата.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната промоција на реставрираниот објект истакна дека станува збор за проект кој е дел од Акцискиот план на Владата и Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра во нашата држава.
Таа се заблагодари на поддршката и конструктивноста од сопствениците на објектот, семејството на Милица Рубен за обновата на оваа значајна фасада на објектот изграден 1927 година дело на рускиот архитект Иван Артемушкин, работен во манирот на академизмот.
- За време на земјотресот овој објект има претрпено голема штета, но врз основа на сите материјали на целокупната документација вратени се сите автентични делови. Инаку самиот објект е доста значаен архитектонски концепт стилски декориран со богата орнаментика, рече Канческа Милевска заблагодарувајќи се за стручноста на Центарот за конзервација и на изведувачите за стручно завршената работа.
За градежниот зафат се издвоени 8,5 милиони денари и покрај фасадата обновен е и покривот.
- Не застануваме овде продолжуваме со оние проекти во рамки на целокупната програма. За брзо време ќе биде завршен уште еден објект на ул. Илинденска со што се завршуваат сите споменици на културата кои се заштитени, рече министерката за куктура.
Директорката на Конзерваторскиот центар Скопје, Ема Петрова Николовска истакна дека во изминатите три години реставрирани се вкупно четири објекти на улицата „Илинденска“, а Центарот во моментот изработува пет проекти за конзервација и реставрација на објекти во Стара скопска чаршија кои треба да се реализираат следната година.
- Со конзервацијата се обидовме сите флорални и геометриски декорации да ги санираме и конзервираме, а онаму каде што недоставуваа да направиме реставрација, рече Петрова Николовска особено заблагодарувајќи се на фирмата изведувач и на семејството Рубен кое се согласило да бидат отстранети клима уредите од челната фасада на објектот, што е светски стандар при заштитата на значајни објекти.
Милица Рубен од име на сопствениците на куќата се заблагодари на Министерството за култура, на градот и на Конзерватотрскиот центар и ги освежи своите сеќавања од времето кога куќата била една од најубавите во градот и пленела со својата архитектура.
Артемушкин е автор и на хотелот „Јадран“- уште еден исклучителен објект од старата градска архитектура во центарот на градот, работен во стилот на академизмот.
Со проектот за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државата, до 2017 година е предвидена интервенција на 250 фасади од значајните споменични целини.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
