Ретроспектива од фестивалот на кратки филмови во Оберхаузен

Во Кинотеката на Македонија од утре до 5 март ќе се одржува ретроспектива од минатогодишниот Интернационален фестивал на кусометражни филмови - Оберхаузен, насловена „Оберхаузен патува 2017“.
Во соработка со Амбасадата на Германија, Кинотеката ќе прикаже седум германски документарци, избор од меѓународната програма со филмови од Филипини, Велика Британија, Финска, Полска, избор на наградени филмови на Оберхаузен 2016, како и избор на македонски филмови што беа прикажани на фестивалот.
Меѓународниот фестивал на кусометражни филмови во Оберхаузен се одржува веќе шест децении и е еден од најстарите фестивали во светот. Во просек се пријавуваат по 5000 филмови годишно, од кои по пат на селекција се прикажуваат по повеќе од 400 филмови во едно фестивалско издание.
Своите први проекции во Оберхаузен ги имале многу прославени режисери, меѓу кои Милош Форман, Берт Ханстра, Роман Полански, Вим Вендерс, Франсоа Трифо, Вернер Херцог, Ален Ресно, Норман Мек Ларен, Линдзи Андерсон...
Во една од програмите ќе биде прикажан и краткиот филм „Ден пред крајот“ на филипинскиот режисер Лав Дијаз, кој лани го доби Златниот лав за најдобар игран филм во Венеција.
Дополнување на програмата ќе бидат и македонски филмови што учествувале на фестивалот од 1976 до1982 година. Оваа селекција ќе биде прикажана на 6 март.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
