-->
-->
Реванш полуфинални натпревари во кошаркарскиот Еврокуп
-->

Во второто по ранг европско кошаркарско клупсно натпреварување, Еврокупот, вечерва ќе ги дознаеме имињата на двете екипи кои ќе играат во финалето.
Вечерва на програмата се реванш полуфиналните натпревари во Еврокупот.
Италијанската екипа Тренто е на чекор до големото финале бидејќи покрај предноста на домашниот терен во вечерашниот меч против францускиот тим Стразбур, Тренто ќе има и предност од 6 поени остварена на првиот меч во Франција каде славеше победа со 74-68.
Многу блиску до финалето е и турската екипа Галатасарај која на првиот натпревар во Истанбул ја совлада екипата на Град Канарија со 89-75, па турскиот состав на вечерашното гостување во Шпанија може да си дозволи и пораз не поголем од 13 поени разлика.
Натпреварот Тренто – Стразбур ќе започне во терминот од 19 часот и 30 минути, додека дуелот Гран Канарија – Галатасарај ќе стартува од 21 часот и 30 минути.
Финалните натпревари ќе се играат на 22 и 27 април
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
