Ревидиран списокот за лектири за основното образование
Бирото за развој на образованието изготви нов предлог-список за лектири за основното образование, од второ до деветто одделение.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, списокот на лектири се освежува и дополнува за да биде во чекор со интересите на учениците, односно да го поттикне и зголеми интересот за книгата кај младите читатели преку зближување на содржините на лектирите со современите трендови и интереси на ученикот.
Ревидирањето на списокот на лектири, како што велат од МОН, се прави со цел да им даде слобода на наставниците во нивната работа и да се збогати изборот на лектири со кој тие би можеле да работат низ годините.
- Овој предлог го доставуваме на јавен увид и дебата со цел стручните лица во Република Македонија да се произнесат за новиот список за лектири. Наставниците од основните училишта се поканети да се вклучат во јавната дебата и да го искажат своето мислење во однос на списокот за лектири, а предлогот ќе биде доставен за мислење и до универзитетите во Република Македонија, како и до Друштвото на писатели на Македонија, се наведува во соопштението од МОН.
Списокот е објавен на веб страницата на МОН со покана за коментари и предлози од страна на сите заинтересирани лица. Предлозите можете да ги доставите на lektiri@mon.gov.mk, и во архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54). Крајниот рок за доставување предлози е 26 март 2018 година.
Во моментот се подготвени списоците за лектири за наставата која се одвива на македонски, албански и турски наставен јазик, а во тек е изготвување на списокот за лектири на другите јазици на кои се изучува основното образование.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски