-->
-->
Ревија на олдтајмери викендов во Делчево
-->

Во организација на Здружението „Kings of the roаds“, а со поддршка на Општината, оваа сабота на 13 април, ќе се одржи четвртата ревија на популарните „олд тајмери“ на која се очекува учество на над 70 стари автомобили. Изложбата и оваа година ќе биде меѓународна, при што организаторот Лоренцо Трајановски најавува присуство на популарни олд тајмери од 10 градови од соседна Бугарија, но и од Србија, како и од Македонија.
-Оваа година само од Делчево ќе имаме триесеттина автомобили кои се добро зачувани и за кои знаеме дека сопствениците добро се грижат. Очекуваме дел од ретроревијата да бидат шевролети, бјуик, бмв, старите и добро познати возила од застава, волга, фијат, трабант, мазда, мерцедес, ланчија, опел и други. Ова е убава можност, повторно да им оддадеме признание на старите добри автомобили кои денеска ретко се среќаваат во сообраќајот, но кои испишале убава автомобилска историја, рече Трајановски.
Градоначалникот Горан Трајковски, кој е покровител на ревијата, ги повика жителите од целиот регион да бидат дел од оваа атракција.
-Јас посебно го ценам ентузијазмот на претставниците од Здружението кои го запишаа Делчево на листата европски градови, каде ревијата на ретроавтомобилите е посебна традиција и атракција. Заедно со претставниците од Здружението сакаме да му дадеме нов белег на нашиот град по кој ќе биде препознатлив. Општина Делчево ги препознава добрите иницијативи и дава максимална поддршка за нивна реализација, рече Трајковски.
Ревијата на стари автомобили ќе се одржува на паркингот пред Градскиот стадион во Делчево. За учесниците се обезбедени благодарници и пехари кои ќе бидат доделени на учесникот со најстар автомобил, на најдобро реставриран и за најмлад учесник. Согласно со програмата ревијата започнува во 10 часот, а во 12 часот е најавено дефиле низ улиците во центарот на градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
-

Пијан возач од Струмица усмрти 19-годишна девојка на мотор
-

Ангелов: Вчера беше најтежок ден во оваа сезона на пожари
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
