Ријана, Мадона и Тејлор Свифт на листата најбогати самостојни претприемачи во САД
Американските поп-ѕвезди Мадона, Ријана и Тејлор Свифт од неодамна се наоѓаат на листата најбогати самостојни претприемачи во САД, според списанието „Форбс“.
Имено, Ријана на пр., се наоѓа на 33. место, со вкупно богатство од 600 милиони долари. Ова, делумно благодарение и на нејзиниот модно-козметички бренд „Севиџ екс Фенти“. Поп-ѕвездата е и заштитно лице на „Фондацијата Клара Лајонел“ којашто за време на корона-пандемијата досега прибра над 22,5 милиони долари за добротворни цели.
Мадона е на 40. место со 550 милиони долари, а Тејлор Свифт е 62-ра и тежи 365 милиони долари.
На листата се наоѓаат и Селин Дион (455 милиони долари), Бијонсе (420 милиони долари), Барбра Стрејсенд (400 милиони долари), Џенифер Лопез (150 милиони долари) и Лејди Гага (150 милиони долари).
Ново на Сител
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд