Ријана во улога од култната сцена со Џенет Ли од „Психо“
Една од најкултните сцени во филмската историја секако е онаа од филмот „Психо“ во која Марион Крејн вреска под тушот додека убиецот ја напаѓа со нож.
Во телевизиската серија „Бејтс Мотел“, која се базира на приказната од овој популарен филм на Алфред Хичкок, продуцентите решија да „набават“ девојка која исто така ќе стои под млаз вода и ќе ја повтори оваа врискачка сцена.
Во оригиналниот филм жртвата ја глумеше Џенет Ли, а сега оваа чест и припадна на девојката која, според „Холивуд Репортер“, е целосно различна од неа. Имено, во „Бејст Мотел“ улогата на жртвата ја доби пејачка Ријана.
- Слушнавме дека Ријана ја обожува серијата, а бидејќи и ние сме нејзини големи фанови, ова претставува совршен спој на креативност и судбина, изјавија продуцентите Карлтон Кус и Кери Ерин.
Ријана ќе се појави во петтата сезона на серијата, која воедно ќе биде и последна.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска