Ринго Стар го прослави 77-от роденден
Легендарниот тапанар на групата „Битлси“, Ринго Стар го прослави својот 77. роденден со песна во која повикува на повеќе љубов во светот.
Тој за 15 септември најави излегување на својот 19-ти студиски албум „Peace and Love“, на кој меѓу другите ќе учествува и Пол Макартни.
Ринго вчера првпат ја изведе песната „Give more love“, која потсетува на музиката на Битлси, но со посилен звук од гитара.
Како и секогаш на својот роденден Ринго ги охрабри своите обожаватели повеќе да го користат универзалниот знак за мир, буквата V. Две песни од новиот албум ги напиша Макартни, што е прва соработка на двајцата преживеани членови на Битлси од 2010 година.
Покрај Макартни, на албумот ќе се најдат и гитаристот на бендот „Иглс“, Џо Волш, потоа Дејв Стјуарт од групата „Јуритмикс“ и гитаристот на групата „Тото“, Стив Лукатер. Ринго Стар во октомври ќе одржи неколку концерти во Лас Вегас, а потоа ќе замине на мини турнеја низ САД.
Ново на Сител
-
По барањето од ОЈО Скопје, одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски: Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност
-
Николоски: Градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново
-
Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
-
Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ
-
Се возеле со мотори и АТВ во заштитениот дел на Шар Планина, покрената постапка
-
Во следните денови постепено зголемување на температурата
-
Затворен сообраќајот кај Страцин