Ристовски: Годинава три капитални инвестиции за подобрување на студентскиот стандард
Етапна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, целосно нов мебел за сите 10 државни студентски домови и набавка на перални и сушални во студентските домови. Ова се три капитални инвестиции кои ќе бидат реализирани годинава, најави на денешната прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Тој потсети дека овие инвестиции ги најавиле во изминатиот период и додаде оти се дел од владините планови и активности за унапредување на студентскиот стандард.
- Првата инвестиција се однесува на етапна реконструкција на најголемиот студентскиот дом во државата „Гоце Делчев“ во Скопје, објект во кој досега целосно го реконструиравме и опремивме во блокот Б, додека во блокот А целосно се завршени градежните активности. Досега се инвестирани 180 милиони евра во овие два блока, рече Ристовски.
Следната фаза, како што рече, предвидува реконструкција на блоковите В и Г, за што на интернет страницата на Бирото за јавни набавки веќе објавивме постапка за јавно прибирање понуди кое ќе трае заклучно со 15 февруари, по што ќе следи евалуација и избор на најповолниот понудувач.
Заменик-министерот информира дека и за овие два блока е предвидено да бидат инвестирани околу 180 милони денари, односно 3 милиони евра. Со проектот комплетно ќе бидат променети вратите, прозорците, подовите, електричната и водоводна инсталација, системот за парно греење, ќе има молерисување на ѕидовите и нова опрема во сите соби. Целата реконструкција ќе заврши кон крајот на годината или на почетокот на следната.
Набавката на нов мебел за сите десет државни студентски домови, Ристовски соопшти дека ќе биде заокружена за три месеци отсега.
- Очекуваме до крајот на април сите државни студентски домови да бидат опремени со нови кревети, душеци, маси, столчиња, бироа и плакари. Веќе е избрана компанија која достави најповолна понуда на тендерот, потпишавме договор за реализација и почнаа подготвителните активности, односно посети по студентските домови за земање мерки за изработка на мебел, рече Ристовски. Додаде дека ќе бидат инвестирани 100 милиони денари, а најпрво ќе бидат опремени домовите во главниот град поради најголемиот број на студенти и нивната фреквенцијата, а потоа останатите домови во Македонија.
Третата инвестиција е набавката на перални и сушални за студентските домови, која ќе биде реализирана во првиот квартал на 2017 година. Инвестицијата е вредна 11 милиони денари и вклучува набавка на 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење со капацитет до 10 килограми, кои ќе работат на систем на жетони. За нивната употреба се изготвува и посебен правилник.
- Постапката за избор на најповолен понудувач кој се јави на тендерот веќе е завршена и е склучен договор за реализација. Во меѓувреме домовите стратуваа со прилагодување на просториите и со интервенции во делот на водоводната и електричната мрежа заради приклучување на пералните и сушалните, рече Ристовски и додаде дека очекуваниот период за реализација на оваа инвестиција е 45 дена.
Тој потенцира дека досега во унапредување на студентските и сместувачки капацитети инвестирале околу 350 милиони денари. Потсети дека донеле одлука за изградба на три целосно нови студентски домови, два од нив во Скопје, на местото на поранешниот Медицинар и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет. Избрани се компании кои, како што рече, во најбрзо време ќе почнат со градежните активности по официјализирањето на дозволите за градба. За третиот студентски дом кој ќе биде лоциран во Скопје, се подготвува проектната програма.
Одговарајќи на новинарско прашање за признавањето на дипломите меѓу Турција и Македонија, Ристовски рече дека на барање на Турција, договорот потпишан меѓу двете држави во 1997 година престанува да важи.
- Со барање да се инкорпорираат одредбите од Лисабонската декларација. Ние сме во комуникација со Република Турција по однос на нивната иницијатива, рече Ристовски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО