Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите xерои

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината.
-Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги заборави. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава. Тие застанаа во нејзина одбрана тогаш кога беше најтешко и за Македонија го дадоа најскапоценото што човек може да го даде – сопствениот живот - истакнал министерот, се наведува во соопштението на Министерството за спорт.
Тој нагласил дека Карпалак не е само место на нашата колективна болка - Карпалак е место на кое се потсетуваме што значат храброста, должноста, честа и љубовта кон татковината.
-Наша обврска е нивните имиња да ги чуваме од заборав, нивната жртва да ја почитуваме, а на идните генерации да им ја пренесеме вистината за луѓето кои застанаа во одбрана на Македонија. По повод 25-годишнината од нивното загинување, пред нивната жртва денеска се поклонуваме со длабока почит и благодарност. Вечна слава на хероите од Карпалак. Никогаш заборавени. Да живее Македонија! - нагласил Ристовски.
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
