Ристовски во посета на Гостивар
Во општина Гостивар денеска на средба со граѓани беше заменик-министерот за образование и член на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски.
- Како Влада реализиравме голем број проекти, но ни останаа и голем број коишто треба да се реализираат во следниот период, а кои се потребни за граѓаните на општина Гостивар, изјави Ристовски.
Реализација на инвестиции и реални проекти, посочи Ристовски, се основната желба на секој граѓанин во Македонија.
- ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа и докажа во многу наврати на многу места и со голем број проекти дека е политичка партија која држи до дадениот збор, политичка партија која што кога ќе понуди извесни проекти или програма целокупното свое залагање на еден начин го фокусира да бидат успешно реализирани овие проекти, рече Ристовски.
Истакна дека очекува граѓаните масовно да излезат на изборите на 11 декември и, како што рече, да стават крај на креираната деструкција од СДСМ, а да се продолжи со масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во развојот на Македонија и во градењето во секој град и во село онака како што најмногу им треба на граѓаните. - ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата обврска тоа да го реализира на тој начин, рече Ристовски.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари