Ристовски во посета на Ветеринарниот факултет во Битола

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во придружба ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, Сашо Коруновски, го посети Ветеринарниот факултет во кој е поставена лабараторија за генетика – проект на Владата на Република Македонија.
За време на престојот во Битола, Ристовски беше информиран дека лабараторијата за генетика е доопремена со потребната опрема и комплетна, тимот од лабараторијата ќе се обучува во Институт за хигиена и контрола на месо во Белград, со што може да почнат активностите за акредитација на лабараторијата.
- Оваа лабараторија е значајна за Универзитетот „Св.Климент Охридски“, за градот Битола но и за цела држава бидејќи освен за научни цели, лабараторијата ќе биде во целосна функција и на стопанството во Македонија. Во оваа лабараторија ќе се вршат испитувања за потребите на стопанството во делот на генетски модифицираната храна и храна од животинско потекло, а ќе ја користат и државните институции, пред се Царината и Агенцијата за храна и ветеринарство кои во делот на увозот на храна во Македонија, претходно ќе го проверуваат квалитетот на увезената храна и од лабараторијата ќе добиваат квалитативна потврда за храната што ќе треба да се увезе. На овој начин лабараторијата ќе има комерцијален бенефит, а граѓаните ќе бидат сигурни за квалитетот на храната што се увезува во Македонија, истакна Ристовски.
На денешната средба со новинарите во Битола, заменик министерот Ристовски потсети на можноста што ја дава МОН за субвенционирање на научни и творечки трудови објавени во меѓународни списанија со импакт фактор.
- МОН ги објави конкурсите за научни и творечки субвенции. Огласот за творечки субвенции е отворен до 31 декември, а огласот за научни субвенции ќе биде отворен до август следната година. Апелирам до сите научни работници во Република Македонија кои работаат на свои трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание или импакт фактор да аплицираат за добивање на субвенција во висина од 500 евра. Досега како МОН доделивме повеќе од 800 субвенции за научни и творечки трудови објавени во меѓународни списанија со импакт фактор, нагласи Ристовски.
Според ректорот на битолскиот Универзитет Сашо Коруновски, интерес за вложување во вакви лабаратории покажале и европски центри, а со цел зголемување на услугите што може да ги дава лабараторијата за генетика на Ветеринарниот факултет во Битола.
Ново на Сител
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“
-

Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска
-

АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата
-

Повик до креативците да донираат дела за хуманитарната аукција на Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид
-

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
