РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија

До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел.
- МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ, а тоа се пренос и дистрибуија на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања. По завршување на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи, вели Бислимоски, кој денеска присуствуваше на третата конференција на МАРЕС, посветена на структурирање на иднината на обновливата енергија.

Од МЕПСО не очекуваат испади во текот на зимскиот период. Велат дека инвестираат во континуитет и дека граѓаните треба да бидат спокојни.
- Во контиунитет инвестираме, имаме и голем број на активни проекти кои во моментот се реализираат. Еден од нив е 110 киловолтниот далекувод Прилеп - Битола, во тек е продолжувањето на договорот за реализација на интерконекцијата меѓу Македонија и Албанија. Во исто време го очекуваме и реакторот за реактивна енергија којшто треба да се инсталира во 400-киловолтната трафостаница Дуброво со којшто би се довеле во нормални граници на приликите во нашата држава. Покрај овие проекти, имаме аплицирано и за голем број грантови преку механизамот за инвестирање во Западен Балкан така што можеме да кажеме дека не само во сегашноста, туку и во преспектива ја планираме надградбата и инвестирањето во пресносната мрежа со цел да овозможивме непрекинато снабдување на граѓаните со електрична енегија, изјави Александар Пауноски од МЕПСО.
МИА
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
