Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево
Славниот глумец, режисер и продуцент Роберт де Ниро, двократен „оскаровец“, пет пати номиниран за „Оскар“ и добитник на неколку „Златни Глобуси“, сега е носител и на признанието Почесно срце на Сараево за животно дело.
Најголемата награда на 22-от „Сараевски филмски фестивал“ за својот исклучителен придонес во филмската уметност, на Де Ниро ќе му биде врачена пред 3.000 љубители на седмата уметност, на самото свечено отворање.
- Голема чест е да се има Роберт де Ниро како прв добитник на Почесно срце на Сараево за животно дело. Од првата наша средба која се случи пред десетина години на „Трибек филм фестивал“, работевме на тоа - еден ден тој да дојде во Сараево. Сите сме возбудени заради тоа. Како филмски професионалец и голем вљубеник во филмот, уверен сум дека говорам и во името на моите колеги и на публиката, изјави Мирсад Пуриватра, директор на „Сараевскиот фестивал“.
Фестивалот ќе биде отворен со култниот „Таксист“ на режисерот Мартин Скорсезе, филм во кој главната улога маестрално ја одигра Де Ниро. Филмот ќе биде прикажан во својата реставрирана верзија, во чест на 40-годишнината од премиерата.
Фестивалот годинава ќе трае од 12 до 20 август.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино