Свет
15. August 2017 - 9:12

Рохани: Иран за миг може да ја напушти нуклеарната спогодба

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди денеска дека Техеран лесно и брзо би можел да ја напушти нуклеарната спогодба со светските сили ако САД продолжат со политиката на „санцкии и принуда“.

- Лошото искуство со санкциите и принудите ја доведе нивната претходна администрација на преговарачката маса, рече Рохани во Парламентот.

Тој во говорот, кој го пренесуваше државната телевизија, се осврна и на американскиот претедател Доналд Трамп, изјавувајќи дека на светот му покажал дека Вашингтон „не е добар партнер“. 

- Ако сакаат да се вратат на тоа искуство, дефитивно за кратко време, не се во прашање недели или месеци, туку само часови и денови, ние ќе се вратиме на нашата претходна состојба многу посилни, наведе иранскиот претседател.