Роко Сифреди отвори порнографска академија
![]()
Досега постоеја специјализирани академии за наука, јазици и инженерство, а сега се појави и високобразовна институција за порнографија.
Станува збор за идеја на италијанскиот порно актер Роко Сифреди, кој отвори академија на која студентите учат како да ги искажат и надградат своите таленти во сексот.
На конкурсот за прием на студенти на факултетот „Сифреди Хард Академи“, чиј локација се чува во најстрога тајна, се пријавиле неколку илјади кандидати, од кои по приемниот испит биле примени само 30 - 15 мажи и 15 жени.
Промовирајќи ја својата идеја, Сифреди изјави дека се решил на основање на академијата затоа што смета дека и „природниот талент мора да мине низ обука“.
- Порно индустријата денес е многу покомплекса од порано. Постои еден нов свет на сексот, што треба да се изучува, изјави 51-годишниот Сифреди, додавајќи дека наставата ќе трае по 15 дена и ќе опфаќа серија тестови - од позирање пред камера, па се до дикција при изговор.
Сифреди, кој живее во Будимпешта, денес работи како продуцент на порнографски филмови. Моментно тој снима реално шоу наречено „Каза Сифреди“, кое ќе се емитува на телевизијата Ла5, чиј сопственик е поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
