Романија доби нова проевропска влада
Новата проевропска коалициска влада на Романија предводена од социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку синоќа положи заклетва во романскиот парламент.
Полагањето заклетва и свечената прва седница на владата следеше откако парламентот од 466 места ја одобри новата влада со 240 гласа за и 143 против, објавија романските медиуми.
Претседателот Клаус Јоханис го назначи Чолаку за премиер откако три прозападни партии постигнаа договор за владејачка коалиција чија цел е да ги спречи екстремно десничарските групи да влезат во владата.
- Влегувате во тежок период со нови обврски, порача Јоханис во честитката до Владата. „Ви посакувам успех во сè што наумивте да направите, но, пред сè, сакам да успеете за Романија и Романците.
Луѓето очекуваат решенија, стабилност и влада која цврсто ја одржува траекторијата на Романија“. Јоханис рече дека сите со кои разговарал барале продолжување на проевропскиот пат на Романија.
Владата, која вклучува пет нови министри, беше формирана во услови на политички превирања поттикнати од откритијата за руско злобно влијание што доведе до поништување на претседателските избори откако промосковски аутсајдер победи во првиот круг.
Една од првите задачи на владата ќе биде да одреди датум за нови претседателски избори.
Минатата недела градоначалникот на Букурешт Никусор Дан кој е независен политичар изјави дека ќе се кандидира на претседателските избори.
Ново на Сител
-
Најмалку 10 загинати и 65 повредени во експлозија на бензинска пумпа и резервоар за гас во Јемен
-
Лестер ја прекина катастрофалната серија на порази
-
Грилиш постигна гол по 392 дена
-
Гол од пенал на Кејн му ја донесе на Баерн првата победа во Бундеслигата во новата година
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце
-
Студено време и врнежи од снег, пообилни во западните делови од земјава
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците