Романија ја стави Северна Македонија на „црвената ковид листа“
Романиja ja ажурираше „црвена листа“ на земји или области со висок епидемиолошки ризик од ковид-19 и таа стапува во сила на 5 септември, соопшти романската агенција Агерпрес.
Романскиот национален центар за надзор и контрола на заразни болести (ЦНСУ) на црвената листа ја вклучи и Северна Македонија, според највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19“.
Покрај Северна Македонија, на „црвената листа“ се и Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.
Шпанија, Лихтенштајн и Мароко влегоа во „жолтата зона“, по падот на бројот на нови случаи на коронавирус.
Со зголемување на инциденцата, Норвешка, Австрија, Босна и Херцеговина, Луксембург, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати се преселија во „жолтата зона“, додека Финска, Малта, Андора влегоа во „зелената зона“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот