Романот „Габриела, каранфилче и цимет“ од Жорже Амадо на македонски јазик
Романот „Габриела, каранфилче и цимет“ од бразилскиот писател Жорже Амадо е преведен на македонски јазик од Издавачката куќа „Антолог“. Во оргинал објавена во 1958 година, оваа книга претставува една од најдобрите во бразилската литература.
Според романот се снимени три различни ТВ-серии како и игран филм од 1983 година со Марчело Мастројани во главната улога, а музика на Антонио Карлос Жобим, авторот на „Девојката од Ипанема“. Романот го на македонски јазик го преведоа Виолета Јагев и Маргарита Терзијан-Маленкова.
Жорже Амадо (1912-2001) својот прв роман го објавил на 19 години. Во одреден период бил протеран од земјата, а неговите книги биле забранети. Преведен е на 49 јазици. Го нарекуваат „Чарлс Дикенс на 20 век“ и еден од најголемите писатели, не само во латиноамерикански, туку и во светски рамки.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел