Романскиот министер за правда поднесе оставка

Романскиот министер за правда Флорин Јордаке денеска изјави дека одлучил да поднесе остава.
- Одлучив да поднесам оствака од должноста министер за правда, истакна Јордаке, додавајќи оти сите прифатени иницијативи биле „законски и уставни“.
На предлог на Јордаке минатата недела романската Влада прифати промени на кривичниот закон, што предизвика најголеми протести по падот на режимот на Николае Чаушеску во 1989 година. Удредбата беше оценета како отстапување од борбата против корупвијата, а Владата ја повлече.
Во меѓувреме, романскиот Уставен суд соопшти дека нема да одучува за уредбата за декриминализирање на некои престапи за корупција, што Владата ја усвои, а ја повлече по протестите.
- Уредбата веќе не постои, Владата ја повлече, изјави претстедателот на Уставниот суд Валет Дорнеану.
Но, повлекувањето на уредбата мора да биде одобрна од Парламентот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
