Рот: Германија дава зелено светло за Македонијa
Министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи Михаил Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.
- Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.
На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот вели дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.
Нагласи дека стабилноста, мирот и демократијата на Западен Балкан е клучна за сите во ЕУ.
- Затоа високо ги цениме напорите што ги преземаат и Македонија и Албанија за зајакнување на владеењето на правото, независно судство, борбата против корупцијата, рече министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи.
Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија.
Ново на Сител
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија