РСБСП: Основни проверки на возилото во зима

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод почетокот на зимата, во рамки на кампањата „За секоја површина постои соодветна опрема“ ги советува возачите да направат неколку основни проверки на возилото кои се особено важни за безбедно управување на моторно возило во зима.
Провека на бришачите. „Рокот на траење“ на бришачите обично е од 6 до 12 месеци, односно, за овој временски период се „троши“ гумата која го брише стаклото на возилото. Со редовна промена на бришачите, ќе си обезбедите подобра видливост на патот, а со тоа и поголема сигурност во сообраќајот за вас и за вашите сопатници.
Проверка на течноста за бришачите. Во резервоарот за течност со која се брише ветробранското стакло, собира околу 2-3 литри течност. За одржување на чистотата на ветробранското стакло во зима се користи течност која не замрзнува и до минус 30 С˚.
Проверка на акумулаторот. Ниските температури можат да го испразнат акумулаторот, особено ако паркирате надвор. Пред да паднат температурите длабоко под нулата, задолжително е да се направи проверка на акумулатотот. Доколку е слаб, сменете го на време за да се поштедите од несакани изненадувања особено во доцните вечерни или во раните утрински часови.
Проверка на антифризот. Кај поновите возила, антифризот трае до пет, па и повеќе години, но веќе после петтата година задолжително е да се направи сервис и промена. Истото важи и за постарите возила, задолжителен е сервис пред почетокот на зимската сезона - да се испушти стариот и да се замени со нов антифриз.
Проверка на гумите. Гумите со плитка шара, односно летните или универзални гуми, се потенцијална опасност ако се вози со нив во зима. За возење во зима се користат зимски гуми со подлабока шара, а производителите веќе ни нудат нови дизајни и поквалитетни материјали кои ги прават гумите тивки на суви патишта, а ефикасни и добро прилагодливи за возење на снег.
Проверка на притисокот. Притисокот на воздух во гумите секогаш треба да е соодветен со оној кој е внесен во упатството за употреба на возилото. Возењето во услови на дожд и снег со несоодветен притисок на воздух во гумите може да биде опасно.
Проверка на фаровите. Фаровите, секогаш треба да се чисти, да не се покриени со кал или да нема на нив фатено мраз. Најдобар начин да ги заштитете да не фаќаат мраз од снег, дожд или од капки вода, е да ги премачкате со восок.
Проверка на маслото. Проверете во упатството од автомобилот колку често треба да го менувате маслото во возилото. Промената на маслото пред да започне зимата е одлична подготовка на моторот за возење во тешки зимски услови.
Проверка на сопирачките. Сопирачките се секогаш важни за безбедност во сообраќајот без разлика на годишното време, посебно кога е лизгав коловозот. Проверувајте ги почесто, а задолжително отидете на сервис ако забележите промена во извршувањето на нивната функција.
Законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за возилата и работните машини кои учествуваат во сообраќај на пат, веќе се применува од 15 ноември оваа година и ќе трае сè до 15 март наредната година.
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
