РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места.
Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.
-Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен: – Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација – Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно – Бидете трпеливи покажете култура и етика во сообраќајот – Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас - Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот. Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла - „Секој живот е важен“, порачуваат од РСБСП.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
