Свет
5. August 2017 - 11:12

Руанда: Пол Кагаме го освои и третиот претседателски мандат

Долгогодишниот претседател на Руанда, Пол Кагаме лесно го освои и третиот мандат како шеф на државата, на изборите кои ги нарече „формалност“, а во обраќањето во седиштето на својата партија ги повика сонародниците да работат заедно, вклучувајќи ги и оние кои не го поддржуваат.

- Победата им припаѓа на граѓаните на Руанда кои ми укажаа доверба. Ветувам дека ќе го надоградам досега постигнатото и ќе ја трансформирам земјата, истакна 59-годишниот Кагаме.

Тој ќе ја предводи оваа источноафриканска земја и во следните седум години.

Изборните власти синоќа соопштија дека Кагаме од 80 отсто преброени гласови освоил над 98 отсто, нагласувајќи дека не се очекува некоја значителна промена во резултатот.

Ново на Сител