Рубио: УСАИД официјално е во фаза на затворање

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на затворање, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио.
– Од јануари, им заштедивме на даночните обврзници десетици милијарди долари. Со мал број клучни програми кои се префрлени во Стејт департментот, УСАИД официјално е во режим на затворање. Рос Ваут сега го презеде раководството на процесот на ликвидација на оваа агенција, која одамна го загуби својот пат, напиша Рубио на Х.
Според него, претседателот на САД, Доналд Трамп, го поддржал назначувањето на Ваут, близок соработник на Рубио, да управува со процесот на затворање на УСАИД.
Претходно денеска, Белата куќа соопшти дека Трамп укинал 15 програми за странска помош во вредност од 4,9 милијарди долари, кои беа под надлежност на Стејт департментот, УСАИД и други финансиски механизми.
Администрацијата на Трамп уште во февруари фактички ја прекина работата на УСАИД.
Државниот секретар Марко Рубио, назначен за привремен раководител на агенцијата, во март изјави дека владата по ревизијата суспендирала повеќе од 80 отсто од програмите на ова тело.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
