Македонија
10. February 2019 - 14:44

Ручи: Четврток првиот можен датум за ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО

Претседателот на албанскиот Парлaмент Грамоз Ручи на средбата со македонскиот амбасадор Данчо Марковски најавил брза ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО од страна на албанскиот законодавен дом.

– Првиот можен датум за ратификација е следната седмица, 14-ti февруари 2019 година, за кога е закажана седница на Собранието, посочил Ручи, додавајќи дека Владата веќе усвоила одлука за тоа.

Како што стои во веста објавена на веб сајтот на Парламентот, токму ратификацијата на Протоколот од страна на земјите членки на Алијансата, како и добрите пријателски и билатерални односи и унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји, биле тема на средбата.

– Го поздравувам потпишувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, долгоочекувано историско постигнување кое беше поздравено од сите албански институции. Тоа е успех на една соседна земја, со која географски сме во истиот регион и ја делиме визијата за заедничка евро-атланска иднина, оценил Ручи.

Истакнал дека и покрај понекогаш поларизираната политичка клима во Албанија, сите политички групи во парламентот изразиле позитивна политичка волја за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТ“.

Амбасадорот Марковски се заблагодарил и му се заблагодарил на претседателот на Собранието за континуираната поддршка за Македонија.