Рудари од Пробиштип дел од спасувачките тимови во Албанија

Рудари од пробиштипскиот рудник „Булмак 2016“ се дел од спасувачките тимови во погодените населени места од земјотресот во соседна Албанија. Бобан Стојмировски од кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип за МИА информира дека рударите веќе петти ден се во Албанија, а заминати се да помогнат при извлекување на луѓе од урнатите објекти.
–Хуманоста ја покажуваме со дела, во заедничка координација со Дирекцијата за заштита и спасување, Општината и рудникот „Булмак 2016“, екипа од наши храбри сограѓани – рудари, веќе петти ден е на терен во соседна Албанија за да пружат помош на погодените од катастрофалниот земјотрес. Дарко Начковски, Елвис Арсов, Драган Тасевски, Александар Алексов и Душко Велинов – благодарност до секој од овие храбри луѓе, вели Стојмировски.
Рударите кои се дел од спасувачките тимови испратиле и фотографии, од кои се гледа како влегуваат во урнатите објекти, во потрага по преживеани луѓе.
Ново на Сител
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
