-->
-->
Рудиќ повторно ги предводи Хрватите
-->

Трофејниот тренер Ратко Рудиќ е повторно дел од хрватската ватерполо репрезентација. Рудиќ во својата кариера со репрезентациите кои ги предводел има освоено четири златни олимписки медали и по три златни медали на Светски и Европски првенства.
- Со одлука на Управниот одбор на Ватерполо Сојузот на Хрватска (ВСХ) Рудиќ е повторно дел од стручниот совет на ВСХ, се вели во соопштението на Сојузот.
Рудиќ досега беше селектор на репрезентацијата на Бразил, а по Игрите во Рио заврши неговиот ангажман со „кариоките“. Рудиќ е единствениот селектор во екипните спортови, кој има четири олимписки златни медали со три различни репрезентации. Со Хрватска во период од осум години освои 10 медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
