Фудбал
17. January 2016 - 17:56

Руни го реши дербито против Ливерпул

 
Со голот на Вејн Руни постигнат во 78-та минута екипата на Манчестр Јунајтед го доби дербито против Ливерпул, одиграно попладнево на „Енфилд’’ со 1-0.
 
Ова беше натпревар од 22.коло во Премиер лигата, од кое остануваат да се одиграат уште две средби.
Во тек е дуелот меѓу Стоук и Арсенал, а утре својот меч од 22.коло ќе го одиграат Свонси и Ватфорд. 

 Табела: Лестер 44 бодови, Манчестер Сити 43,  Арсенал 43 (еден натпревар помалку), Тотенхем 39, Манчестер Јунајтед 37 ...