Русија до крајот на 2020 година ќе изврши уште три пробни лансирања на хиперсонична ракета
Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која е дел од Северната флота, до крајот на годината ќе изврши уште три пробни лансирања на хиперсоничната ракета „Циркон“, изјавил извор од руското Министерство за одбрана.
Првото од трите планирани пробни тестирања ќе се спроведе кон крајот на октомври или почетокот на ноември, потврдил уште еден извор за руските медиуми.
Проектното биро за ракети „НПО Машиностројенија“, кое според медиумите, работело на развој на хиперсоничната ракета „Циркон“, одби да ја коментира информацијата.
Началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов на 7 октомври на видеоконференција му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека фрегата „Адмирал Горшков“ претходниот ден успешно тестирала хиперсонична ракета.
Ракетата тогаш била лансирана од Бело Море кон цел во Баренцовото Море, оддалечено 450 километри. Проектилот достигнал максимална височина од 28 километри. Ракетата постигнала хиперсонична брзина поголема од осум маха, или брзина осум пати поголема од брзината на звукот.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“