Русија е разочарана од изјавата на Пенс за конфликтот во Украина
Русија е разочарана од коментарите на американскиот потпретседател Мајк Пенс околу прашањето дали Москва го почитува прекинот на огнот во источниот дел на Украина, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи во Советот на Руската федерација, Константин Косачов.
- Разочарани сме од позицијата на Мајк Пенс дека целата одговорност за неисполнување на Минските договори ја има Русија. Таа теза ја доведе ситуацијата до безизлез и им дозволува на киевските власти бесконечно да ги саботираат договорите од Минск, истакна Косачов.
Тој на Фејсбук напиша дека САД се контрадикторни кога велат дека се подготвени да воспостават врски со Русија, а истовремено тврдат дека Москва не дејствува доволно за да заврши тригодишниот конфликт во Украина.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер