Русија: Ги прекинавме нападите таму каде што е побарано
Руската војска соопшти дека воздушните напади во Сирија, во согласност со договорот, се прекинати во областите во кои е побаран прекин на огнот.
Примирјето во Сирија, за кои посредуваа Русија и САД, стапи во сила на полноќ, а терористичките групи Исламска држава и Фронтот ал Нусра се исклучени од договорот.
Советот за безбедност на ОН претходно усвои резолуција со која го поддржува прекинот на огнот меѓу спротивставените страни во Сирија.
Наредната рунда мировни преговори закажана е за 7 март.
Договорот за прекин на огнот неодамна го постигнаа САД и Русија, а прифатија да го почитуваат сириските власти, опозициските групи, како и Турција.
Прекинот на огнот е времен и не се однесува на екстремистичките групи ИД и сирискиот огранок на Ал каеда, Фронтот Ал Нусра.
Ново на Сител
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата