Русија го прекина извозот на струја за Финска

Рускиот извоз на електрична енергија во Финска денеска е прекинат, наведува мрежниот оператор.
Руското комунално претпријатие „РА РАО“ минатата недела соопшти дека ќе го запре извозот во Финска, објаснувајќи дека земјата од 6 мај не плаќала за електрична енергија што се продава преку паневропската берза Nord Pool.
Испораките на руска електрична енергија за Финска паднаа од 87 мегавати на нула, покажуваат податоците на мрежниот оператор Фингрид, соопштувајќи дека компанијата може да го замени руското снабдување со шведска електрична енергија и да го зголеми домашното производство.
Оттаму додаваат дека прекинот на рускиот извоз се должи на ограничувањата на плаќањата наметнати од западните земји.
„Поради овие ограничувања, руската струја веќе не може да се плаќа. Затоа, суспензијата е повеќе последица отколку руска контрамерка“, се наведува во соопштението.
Русија досега обезбедуваше околу 10 отсто од потребите за струја на Финска.
Не е јасно дали потегот на Русија е поврзан со барањето за приклучување на Финска во НАТО.
Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.
Зборувајќи со претседателот финската премиерка Сана Марин рече дека се надева дека во следните неколку дена финскиот парламент ќе ја потврди одлуката за аплицирање за членство во НАТО.
Ново на Сител
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
