Русија и Јапонија не се договорија за спорните острови
Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска во Токио разговараа за можните заеднички економски проекти и спорните острови, за кои двете земји тврдат дека се дел од нивната територија.
Сепак, немало напредок во врска со територијалниот спор кој ги обременува односите меѓу двете земји уште од крајот на Втората светска војна, јави Радио Слободна Европа.
Ова е првата посета на руски претседател на Јапонија во изминатите 11 години. Односите меѓу Москва и Токио се влошени поради спорот за четирите острови во Курилскиот Архипелаг, окупирани кон крајот на Втората светска војна од Советскиот сојуз.
Русите ги нарекуваат Јужни Курилски Острови, а Јапонците Северни територии. Официјално тие вулкански острови се дел од руската Сахалинска област, но Јапонија има претензии кон нив и тоа беше пречка двете земји да потпишат мировен договор по Втората светска војна.
Абе денеска изјави дека со Путин имале „продлабочена дискусија“ за мировниот договор за време на разговорите во јапонското летувалиште Нагато. Тој рече дека тие разговарале и за можни заеднички економски проекти на спорните острови.
Советникот во Кремљ, Јури Ушаков, пак, рече дека Путин и Абе се согласиле експерти од двете земји да почнат „детални консултации“ за заеднички економски активности на островите. На прашањето дали овие активности ќе се базираат врз руското законодавство, тој рече „се разбира, бидејќи тоа е руска територија“. Руски официјални претставници често ја повикуваат Јапонија да се фокусира да трговија и инвестиции, наместо да бараат враќање на суверенитетот врз островите.
Лидерите на Јапонија и Русија ќе ги продолжат разговорите утре во Токио.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши