Свет
30. November 2017 - 15:18

Русија ќе ги повлече војниците од Сирија

Русија се подготвува да го повлече воениот контингент од Сирија, изјави денеска секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.

- Подготовките се во тек, наведе Патрушев, но не прецизира датум.

Минатата недела Генералштабот на руската армија соопшти дека најверојатно значително ќе биде намален бројот на руски војници во Сирија. Тогаш беше наведено дека повлекувањето на војниците ќе почне кон крајот на годината.