-->
-->
Русија нападна индустриски капацитети во Криви Рих
-->
Руски проектили погодија два индустриски капацитета во централниот украински град Криви Рих во раните утрински часови денеска, изјави градоначалникот Олександр Вилкул, а пријавен е и напад со дронови во Одеса.
Вилкул рече дека три ракети погодиле две индустриски компании „кои немаат никаква врска со војската“, ранувајќи еден 38-годишен маж.
Еден автомобил е оштетен од остатоци од проектил соборени од противвоздушна одбрана.
Во јужниот пристанишен град Одеса, властите соопштија дека воздушната одбрана ги соборила сите 18 руски беспилотни летала што денеска се приближиле до регионот.
Властите на Крим под руска контрола исто така пријавија напад со беспилотни летала, велејќи дека собориле девет украински беспилотни летала. паг/Фото: Твитер .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
