Русија не може да потврди дека САД ги исполнуваат условите од договорот СТАРТ
Русија не може да ги потврди тврдењата на САД за намалување на стратешкото огнено оружје до нивото предвидено со договорот СТАРТ од 2010 година.
Ова вчера го соопшти руското Министерство за надворешни работи додавајќи дека намалувањето е постигнато со модифицирање на 56 ракети „Трајдент 2“ кои се истрелуваат од подморници и 41 бомбардери Б-52Х (В-52Н ) за носење конвенционално оружје. Сепак, САД не и дозволиле на Русија да ги провери промените со кои се гарантира дека тие повеќе не можат да се користат за носење на нуклеарно оружје, како што се бара со Договорот за намалување на стратешкото офанзивно оружје (СТАРТ).
Освен тоа, Вашингтон во оценките не вклучил четири ракетни лансери кои се преквалификувани во категоријата „тренинг-лансери“ која не постоела за време на потпишувањето на договорот, соопшти руското Министерство, наведувајќи дека САД се уште надминуваат 101 парче нуклеарно оружје дозволено со договорот.
- Сметаме дека таквата состојба на работите е неприфатлива, стои во соопштението и се изразува надеж дека Вашингтон ќе манифестира конструктивен пристап кон решавање на проблемот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости