-->
-->
Русија: Норвежанец осуден за шпионажа на 14 години затвор
-->
Суд во Москва денеска го прогласи Норвежанецот Фроде Берг за виновен за шпионажа и го осуден на 14 години затвор.
Пензионираниот норвешки граничен инспектор беше уапсен во Москва во декември 2017 година. Тој беше обвинет дека собирал информации за руските нуклеарни подморници за потребите на Норвешката разузнавачка агенција .
Берг ги отфрли обвиненијата, а неговиот адвокат тврди дека бил „жртва на местенка”.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела за можното помилување на Норвежанецот рече дека прво ќе ја почека пресудата.
Берг ќе отслужи затворска казна со висок степен на безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?