Русија одбива да учествува на Евросонгот преку сателитски пренос
Рускиот „Канал 1“ ја одби понудата од организаторите на Изборот за песна на Евровизија - руската пејачка Јулија Самојлова да учествува на натпреварот „оддалеку", односно преку сателит, откако Украина и забрани на годинешната руска претставничка влез во земјата.
- Понудата за учество од далечина ја сметаме за чудна и ја отфрламе, оти апсолутно се коси со самата суштина на тој настан, гласи ставот на руската државна телевизија.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) вчера и понуди на Самојлова можност да учествува на Евросонгот во Киев, но нејзиниот настап да се пренесува преку сателит.
- ЕБУ вложи напори да пронајде решение за настанатата ситуација и одлучи да испрати понуди до Првиот канал на Русија - Јулија да учествува во годинешниот Евросонг по пат на директно вклучување во второто полуфинале преку сателит. Доколку би се квалификувала во финалето, и за тој дел од натпреварувањето би важел истиот принцип, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени