-->
-->
Русија потврди дека нејзин важен командант е убиен во Мариупол
-->
Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јави Би-Би-Си.
Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби.
Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте.
Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
-

Викендов променливо облачно со сончеви периоди
