Русија распоредила крстосувачки ракети на „сите стратешки локации“
Руски ексадрили на носачи на крстосувачки ракети со голем дострел се распоредени на сите стратешки локации, соопшти првиот заменик министер за одбрана на Русија и началник на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал Валериј Герасимов.
- За да се зголеми ефикасноста на одбраната, посебно внимение е насочено кон развојот на оружје со голем степен на прецизност. На секоја стратешка локација разместивме ескадрили со крстосчувачки ракети со голем дострел, изјави Герасимов.
Според него, овие крстосувачки ракети можат да гаѓаат цели во воздух и на копно.
Герасимов нагласи дека искуството од конфликот во Сирија и дало нов импулс на руската Армија кога е во прашање усовршувањето на „комплексното вооружување“.
Руската Армија е вклучена во конфликтот во Сирија, како воздушна поддршка на операциите на сириските владини сили.
Ново на Сител
-
Палчо на распит, негирал вина и тврдел дека е наместен
-
Палевски на распит
-
ДУИ славеше 22 години постоење
-
Спасеновски: Рано е за укинување на Пржинската влада
-
Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Организацијата на потрошувачи ќе поднесе тужба наместо граѓаните кои платија поскапи полиси
-
Преглед на вестите од светот