Русија: САД се обидуваат по секоја цена да го продолжат конфликтот
– САД испраќа во Украина ново оружје вклучително и ракетни системи ХИМАРС, бидејќи сакаат да го продолжат конфликтот со сите средства, како и да ги компензираат загубите на Киев, се наведува во соопштението од Амбасадата на Руската Федерација во Вашингтон.
– Зад оваа одлука стои нескротливата желба на Вашингтон да го продолжи конфликтот по секоја цена и да ги компензира растечките загуби на националните баталјони и на украинските вооружени сили, се наведува во соопштението.
Руската амбасада посочи и дека „тезата на високи американски претставници дека Украина оружјето го користи за одбранбени цели е неодржлива“.
– Властите во Киев и националистичките формации користат оружје од САД за уништување градови во Донбас … Целта на Руската Федерација е да стави крај на теророт на режимот во Киев. Со своите постапки Вашингтон не го приближува мирот, туку ги турка украинските власти во нови крвави злосторства, се посочува во соопштението.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера одобри нов пакет воена помош за Украина во висина од 400 милиони долари. Новиот пакет покрај четирите ракетни системи ХИМАРС, вклучува и муниција за артилерија од 155 милиметри, три тактички возила, радарски системи, резервни делови и друга опрема.
САД од јануари 2021 години досега има испратено воена помош за Киев во висина од околу осум милијарди долари, а Пентагон ветил 12 системи ХИМАРС, од кои осум веќе се во Украина.
Ново на Сител
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала