Русија успешно тестираше ракета од мобилниот систем „Искандер-М“
Руското Министертсво за одбрана соопшти дека денеска за време на воени маневри на Далечниот Исток, Вооружените сили на Русија извршиле успешно тестирање на балистичка ракета лансирана од мобилниот ракетен систем „Искандер-М“.
- Ракетата успешно ја погоди зацртаната цел на еден од воените полигони во басенот на реката Амур, откако прелета 300 километри, објави Министерството на своите профили и налози на социјалните мрежи.
Во соопштението се посочува дека при тестирањето биле „уништени неколку објекти, вклучително и сумулиран команден центар на непријателот“.
„Искандер“, кој го замени ракетниот систем од советскиот период „Скад“, може да лансира наведувани ракети со дострел до 500 километри, кои можат да носат конвенционална или нуклеарна боева глава.
Портпаролот на Источниот воен округ на руската Армија, Александар Гордеев во изјава за ТАСС нагласи дека при денешното тестирање ракетата била лансирана од воен полигон во Еврејската Автономна Област, близу границата со Кина, и погодила цел во Амурската Област.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ