Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5

Русија успешно го изведе првото пробно лансирање на својата нова ракета Сојуз-5, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Објавено е дека ракетата без проблеми полетала од космодромот Бајконур во Казахстан.
Според соопштението на Роскосмос, ракетата Сојуз-5, која агенцијата ја опишува како лансирна ракета опремена со најмоќниот мотор на течно гориво на светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21.00 часот по московско време.
Новата лансирна ракета е способна да носи товар до 17 метрички тони, значително ќе ги намали трошоците за лансирање и ќе се покаже поефикасна од своите претходници во поставувањето објекти, вклучувајќи сателити, во ниската Земјина орбита, наведува агенцијата.
Шефот на Роскосмос Дмитриј Баканов го опиша ова како „нова фаза во истражувањето на вселената“, додавајќи дека ќе создаде нови работни места во Русија и Казахстан.
Баканов рече дека Сојуз-5 е првата нова ракета-носач која Русија ја развила од 2014 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
