Русија возврати за соборениот авион

Во руски напад со оружје со голема прецизност, од засега непозната локација, убиени се 30 екстремисти во сириската провинција Идлиб, каде претходно денеска беше соборен руски авион, а пилотот беше убиен, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Руското Министерство за одбрана потврди дека екстремисти во Сирија собориле руски авион „Су-25“, како и дека пилотот, кој успеал да се преземји, бил убиен од страна на бунтовниците.
- Рускиот борбен авион „Су-25“ беше соборен на 3 февруари над зоната за деескалација во Идлиб. Пилотот се пријави дека капитулирал над областа што е под контрола на бунтовниците, наведе Министерството.
Пилотот е убиен при судир со екстремистите.
- Според прелиминарните информации, авионот е соборен со пренослив противвоздушен ракетен систем, додаде Министерството.
Руските медиуми јавија, дека станува збор за екстемистичка група што е блиска со Ал Каеда.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
