Русија забрани влез за осум граѓани на ЕУ
Русија забрани влез на осум државјани на земји од ЕУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи, објави ТАСС.
Претседателот на Европскиот парламент и шефот на берлинското обвинителство се наоѓаат на црната листа на Русија.
Дипломатската служба истакна дека Брисел ги отфрла сите предлози на Москва за решавање на односите преку дијалог.
– Европската унија ја продолжува политиката на нелегитимни еднострани ограничувачки мерки против руски граѓани и организации. Само во март 2021 година, шест Руси беа подложени на незаконски ограничувања од страна на ЕУ. Оваа практика е спротивна на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународното право. Таа е спроведена од антируска хистерија, намерно проширена во западните медиуми. Не е поткрепена со докази. Сите наши предлози за решавање на какви било проблематични прашања, што се појавуваат меѓу Русија и ЕУ во директен професионален дијалог, постојано се игнорираат или отфрлаат, се наведува во текстот на документот.
САД не кријат дека се интересираат повторно да ја претворат Европа во арена на остри геополитички конфронтации, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Ваквите активности на ЕУ не оставаат сомнеж дека нивната вистинска цел е да го ограничат развојот на нашата земја по секоја цена. Да го наметнат нивниот едностран концепт за светски поредок заснован на правила кои го поткопуваат меѓународното право. Отворено да се оспори независноста на надворешната и внатрешната политика на Русија. Тоа е направено отворено и намерно. И, се разбира, со знаење и охрабрување од САД, кои не го кријат својот интерес за трансформација на Европа во арена на остра геополитичка конфронтација, соопшти руската дипломатска служба.
Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, „вистинската цел на санкциите на ЕУ е да се ограничи Русија по секоја цена“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети